Зошто ќе гласам на референдум

1. Директно ќе влијаам на одлуката за изгледот на ГТЦ! Гласањето на референдум е најавтентична форма на непосредна демократија. Преку него, јас ќе бидам дел од одлуката.

2. Ќе го спречам менувањето на изгледот на ГТЦ во барок! Политичарите често носат контроверзни одлуки без да ги консултираат граѓаните. Преку гласањето на референдум, јас можам да го променам тоа.

3. Мојот глас на референдум ќе потврди дека ГТЦ е клучниот објект кој ја симболизира нашата слобода. Во проектот Скопје 2014 се потрошија огромни суми народни пари и се промени културниот и архитектонски идентитет на градот. Гласањето на референдум ќе ни овозможи да го одбраниме!

4. Ќе бидам дел од историјата! Ќе гласам на ПРВИОТ демократски референдум во општина Центар.

5. Ќе зачувам културно наследство. ГТЦ е културно и архитектонско наследство на градот. Со гласањето на референдум, јас ќе им го сочувам ГТЦ на идните генерации!