Студентите предаваат за ГТЦ!

Во рамките на кампањата „Излези за ГТЦ“, во четврток (09.04.2015) со почеток во 18 часот студентите од Архитектонскиот факултет во Скопје ќе одржат прошетка и предавање низ ГТЦ. Секој заинтересиран граѓанин кој сака да дознае повеќе за културните и архитектонските вредности на објектот, неговиот историјат, но и други интересни факти врзани за ГТЦ, можат слободно дојдат и да го проследат предавањето.

Event-studentite-predavaat

Преку прошетка и демонстрација на автентични фотографии и други материјали, студентите ќе го доловат духот и значењето на Градскиот Трговски Центар додека пак преку интерактивна презентација ќе ја аргументираат важноста од зачувување на автентичноста на неговиот изглед.

Изградбата на ГТЦ e започната на 1 мај 1969. На 29 ноември 1972 е завршен централниот дел, а свеченото отворање се случило во 1973 година. За ГТЦ бил распишан меѓународен конкурс на кој идејното решение било второнаградено меѓу 23-те труда. Автор на објектот е наградениот архитект и професор Живко Поповски.

Прошетката започнува на платото во ГТЦ од страната на Жена Парк. Студентите ветија дека доколку има интерес тие ќе ја повторат оваа интерактивна презентација во текот на кампањата повеќе пати.

Facebook настан: Студентите предаваат за ГТЦ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *