Денес стартува кампањата „Излези за ГТЦ!“

Кампањата „Излези за ГТЦ!“ ја стартуваме денес, 6 април, во 20 часот во паркот “Жена – Борец”. На овој прв собир ги повикуваме граѓаните на Центар да гласаат за задржување на автентичноста на симболот на Скопје на претстојниот референдум во Општина Центар.

На настанот ќе говорат архитекти и активисти, а ќе има и музичка програма од музичари – поддржувачи: Ана Костовска и Симон Киселички, The John, Џака Накот, Бон Праскиза и Donplaya и други.

На 26-ти април, во недела, граѓаните на Општина Центар ќе можат да се изјаснат “за” или “против” задржување на сегашниот излег на Градскиот трговски центар. Референдумот е обврзувачки за локалните и државните власти и неговиот успех е условен од излезноста која треба да надминува 50 проценти за да биде референдумот успешен.

GTC-event-photo

Се до денот на референдумот ќе организираме повеќе настани и средби со граѓаните низ Општина Центар и ГТЦ за да ги информираме и мотивираме граѓаните да излезат и да се изјаснат за сочувувањето на автентичниот изглед на ГТЦ. Центарци ќе гласаат на истите гласачки места како и на последните избори, а избирачкиот список може да се провери во просториите на општината или izbirackispisok.gov.mk

Се гледаме во паркот “Жена – Борец” во 20 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *