Ве очекуваме на нашите
информативни штандови

Драги сограѓани, поддржувачи на иницијативата #ГоСакамГТЦ, од денес започна да функционира главниот штанд во рамките на широката граѓанска кампања #ИзлезиЗаГТЦ. Целта ние е преку непосредна комуникација да ги запознаеме жителите на Центар со иницијативата за задржување на автентичниот изглед на ГТЦ, но и со претстојниот референдум кој ќе се одржи на 26 април.

На штандот, граѓаните, освен што можат да ги добијат сите неопходни информации во врска со референдумот, можат да добијат флаери и други материјали поврзани со ГТЦ и неговата вистинска вредност.
Волонтерите кои работат на овој штанд забележуваат дека веќе постои значителен интерес кај граѓаните кои во голем број застануваат, даваат поддршка и ја поздравуваат нашата иницијатива да го зачуваме урбаниот лик на ГТЦ.

Истовремено, во следните денови, ќе функционираат и три подвижни штандови кои ќе ја менуваат локацијата низ најфреквентните места во Општина Центар како што се училиштата, пазарите, спортските објекти, парковите и слично. Нивната цел, исто така, ќе биде да ги информираат и запознаат граѓаните со претстојниот референдум за зачувување на изгледот на ГТЦ.

Главниот штанд се наоѓа веднаш до Спомен куќата на Мајка Тереза на улица Македонија и ќе функционира секојдневно почнувајќи од 10:30 наутро па се до 21:00 навечер.

Ве очекуваме да нè посетите!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *