Скопскиот дух е нескршлив

Во петокотот, платото на ГТЦ беше местото каде над 1000 Скопјани ги вратија спомените од минатото, шизејќи и забавувајќи се на корзото кое повторно блесна во некогашниот сјај. На корзо имаше граѓани од буквално секоја генерација. Можеа да се забележат млади родители кое беа дојдени со нивните дечиња, но и граѓани во поодмината возраст кои повторно ги доживеаја емоциите на градот од нивната младост.

Повозрасните жителите на Скопје се навратија во 60-ите, 70-ите и 80-ите години на минатиот век кога градот живееше во ритамот на непосредното дружење и добрата забава, додека пак помладите генерации можеа да го почувствуваат пулсот на градот во времето кога Скопје испишуваше една поинаква урбана приказна. За корзото да биде автентично се погрижи легендата на македонската Ди – Џеј сцена, Драган Б. Костиќ кој со неговата селекција на добра ретро музика им овозможи на Скопјани повторно да ги доживеат пријатните спомени од минатото.

Во саботата попладне пак, на Скопјани повторно им понудивме богата програма исполнета со забава, дружење, но и со содржини од информативен и едукативен карактер.

Под мотото „Милениците го сакаат ГТЦ“, во паркот Жена – Борец, сопствениците на домашни миленичиња имаа можност да добијат бесплатни прегледи и консултации со професионални ветеринари и кинолози. Истовремено, во паркот, под менторство на ликовните уметници Ѓорѓе Јовановиќ, Инес Ефремова и Дороти Поцкова, дечињата од најмлада возраст го цртаа ГТЦ и преку игра и забава се запознаваа со тајните на ликовната уметност.

Исто така, во саботата кај кружните сали на ГТЦ се дружеа и корисниците на инстаграм кои ја покажаа својата креативност изразена преку фотографии и видеа посветени на Градскиот Трговски Центар.
Ве покануваме и понатаму да ја следите нашата официјална фејсбук страна каде ќе бидат најавени уште неколку интересни настани посветени на ГТЦ до крајот на оваа недела.
А в недела, сите со пенкалата в раце и на гласачките кутии да покажеме колку го сакаме ГТЦ!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *