Од денес до петок: Изложба на фотографии посветена на ГТЦ

Почнувајќи од денес, во наредните три дена како што најавивме организираме изложба на отоврено со фотографии на тема „ГТЦ“. Фотографиите се собрани преку социјалните медиуми, од личните архиви на граѓаните, како и архивски стари фотографии од ГТЦ.

izlozba

Ова ќе биде најголемата изложба на фотографии посветени на градскиот трговски центар а ќе имате можност да видите над 300 фотографии кои датираат од почетокот на градењето на објектот кон крајот на 60-ите години на минатиот век, па се до денес.

Меѓудругото, ќе можете да видите и ретки и оригинални фотографии од ГТЦ кои по прв пат ќе бидат јавно објавени, а ќе има и посебен колаж од слики од лична галерија на еден од учесниците во изградбата на објектот. Исто така, на изложбата ќе бидат поставени и голем дел од фотографиите кои во изминатите денови беа испраќани од граѓаните на Скопје во рамките на конкурсот „I LOVE ГТЦ“ организиран од страна на иницијативата „Го сакам ГТЦ“.

IMG_20150419_181652

Од иницијативата велат дека секој заинтересиран граѓанин може да дојде и да ја погледне оваа ретка колекција на фотографии. Изложбата ќе биде поставена денес во паркот Жена – Борец и ќе започне во 16:00 часот, додека пак во четврток и во петок ќе биде отворена од 12:00 до 20:00.

Изложбата на фотографии „I LOVE ГТЦ“ е дел од кампањата „Излези за ГТЦ“ која има цел да ги мотивира граѓаните во Општина Центар да излезат на претстојниот референдум кој ќе се одржи на 26-ти Април и на кој граѓаните на Општина Центар ќе одлучуваат за изгледот на ГТЦ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *