Ајде сите на шизење!
Корзо пред ГТЦ!

Вечер, пред платото на ГТЦ ќе се случува несекојдневен настан – некогашното Скопско Корзо. Овој настан, барем на една ноќ, ќе му го врати на Скопје некогашниот сјај и спомените од минатото.

Korzo

На корзото, на повозрасните жителите на Скопје ќе им овозможием да се вратат во 60-ите, 70-ите и 80-ите години на минатиот век кога градот живееше во ритамот на непосредното дружење и добрата забава. Помладите генерации ќе можат да го почувствуваат пулсот на Скопје во времето кога градот испишуваше една поинаква урбана приказна.

За корзото да биде автентично ќе се погрижи легендата на македонската Ди – Џеј сцена, неповторливиот Драган Б. Костиќ кој со неговата селекција на добра ретро музика ќе овозможи Скопјани повторно да ги доживеат убавите спомени од младоста.

Корзото започнува во 20:00 часот пред платото на ГТЦ (кон паркот Жена – Борец) и ќе трае до 23 часот. Фатете ја/го љубената/от под рака и се гледаме на корзо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *