ГТЦ Форум повикува на слободнот глас
на граѓаните за спас на ГТЦ

Отворените форуми ги правевме неколку пати од почетокот на самата иницијaтива #ГОсакамГТЦ. Утревечер (16.04), со почеток во 19:00 часот, организираме нов форум на кој ќе се зборува за културните, општествените и архитектонските вредности на Градскиот Трговски Центар и потребата тој да биде зачуван во неговиот автентичен изглед.

GTC-Forum-1

Овој јавен настан е дел од кампањата „Излези за ГТЦ“ со која имаме цел да ги мотивираме граѓаните на Општина Центар да излезат на претстојниот референдум кој ќе се одржи на 26-ти Април на кој ќе се одлучува за изгледот на ГТЦ.

Свое излагање на Форумот ќе имаат:

  • Даница Павловска – архитект
  • Панда Зографска – архитект
  • Донка Барџиева Трајковска – историчарка на уметност
  • Љубомир Костовски – новинар
  • Јовица Ивановски – поет
  • Софија Гошева – жителка на Центар
  • Претставник на студентите на АФС

Форумот ќе се одржи во паркот Жена – Борец кај споменикот на Славко Јаневски со почеток во 19:00 часот. Тој ќе биде од отворен карактер и на него можат да учествуваат сите заинтересирани граѓани.

Што претставува ГТЦ Форум?

70% од објектот на ГТЦ е јавен простор. Тој, архитектонски претставува „реплика“ на агора/форум, која ги канализира, и физички ги опслужува општествените потреби на граѓаните на Скопје во последните четири децении. Во таа смисла, ГТЦ Форум претставува надоврзување на основната функција на овој објект како јавен простор.

ГТЦ Форум е гласот за спас на овој модернистички објект, симбол на слободата на движење и поврзување на спротивности на градот Скопје. ГТЦ Форум повикува на слободнот глас на граѓаните за спас на ГТЦ, за спас на правото на јавниот простор, за правото на град!

Соопштение за медиуми: .docx .pdf

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *