Балконите во Центар
се претвораат во билборди

Во пресрет на референдумот за ГТЦ во Општина Центар кој се одржува следната недела (26 –ти април), центарците решија своите балкони да ги користат како рекламен простор за промоција на референдумот и повик за гласање. Поддржувачите на референдумот на своите балкони или прозорци закачуваат платна со пораки и на креативен начин ги поттикнуваат своите комшии, гласачи во Општина Центар на масовна излезност на првиот општински референдум. Пораките најчесто гласат „Излези за ГТЦ“ „Референдум ГТЦ – 26 Април“ „Гласај за ГТЦ“, а платната се со различни големини и на некои тераси достигнуваат должина и до 5 метри.

Ја поддржуваме и охрабруваме оваа акција а нашите активсти редовно им помагаат на граѓаните околу изработката на платната. Интересот е огромен и досега има поставено околу дваесетина платна, но бројот секој ден се зголемува. Доколку сте заинтересирани да закачите платно на својот балкон доставете ни димензии за платното според големина на просторот каде сакаат да го закачат и ние ќе го изработиме. Сите кои сакаат да помогнат може да ни ги пратат димензиите на нашата Facebook страна. Нарачки за платно може да направите и на главниот штанд на улица Македонија а од таму и може да ги подигнете веќе изработените платна.

Доколку имате потрба од постери за да ги залепите во својот влез/зграда или имате некоја друга идеја за герилска промоција, слободно контактирајте нè.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *