10 факти за ГТЦ

  1. Планот и концептот на ГТЦ се учи како задолжителна лекција по предметот „Општествени згради“ на Архитектонскиот факултет во Скопје! За планот на ГТЦ тогаш било пишувано и во многу странски весници.
  2. ГТЦ е продолжение на македонските традиции. Во својата функционалистичка основа, но и концепт тој е продолжение на балканската традиција за отворена чаршија низ која проаѓаме – како нашата стара чаршија. Во својата функционалност и решение, ГТЦ е продолжение на православните традиции на легендраниот македонскиот и балкански познат градител Андреа Дамјанов од 19-от век.
  3. ГТЦ е продолжение на белите фасади на Охридската куќа, со своето модернистичко белило (модернистите сакаа бели фасади). Дури и самиот Корбизје (таткото на модерната) во своите патувања на Балканот се фасцинирал од Дебарската куќа. ГТЦ е традицоинален и патриотски до коска!
  4. ГТЦ не е бетон! ГТЦ е изграден од монтажни панели и челична конструкција – Монтажната градба е иднината на светската архитектура во која бетонскиот начин на градба пополека се напушта, како штетен по здравјето, гломазен и непрактичен. Со тоа ГТЦ е технички револуционерен за своето време, но и за денешното време! Денес во Македонија сè уште се гради со бетон и цигла, што е тотално назадно.
  5. ГТЦ има т.н. граѓански концепт – тој е „покриен“ плоштад. ГТЦ е систем на покриени улици – концепт кој беше исклучително авангарден. ГТЦ е објект-случување ги поддржува сите идеи за движечки план на Модерната.
  6. ГТЦ е во координација со идеите на Кензо Танге за Скопје. Живко Поповски бил и дел од тимот кој работел на реализација на проектот на Танге. Всушност, постои една стара идеја на Танге која не била реализирана, а тоа е еден лебдечки футуристички мост кој ќе ги поврзува Новата железничка станица и „капче“ во ГТЦ. Посетителите на Скопје би можеле да дојдат до Скопје со воз и директно да прошетаат во ГТЦ.
  7. ГТЦ има 114.000 квадратни метри, што го прави еден од најголемите трговски центри на Балканот. Тој не е обичен „шопинг мол“, каков што е еден Сити Мол. Денешните шопинг молови се затворени (Рамстор, Сити Мол, ВЕРО) и не го поттикнуваат урбанитетот на градот. Тие немаат излози и немаа однос кон градот. ГТЦ за разлика од нив е класичен трговски центар чија цел не е профит, туку една граѓанска мисија
  8. ГТЦ се вклопува во контекстот. ГТЦ е масивен објект кој не го оптоварува градот, за разлика од масивните шопинг молови. Живко Поповски на своите предавања велел: „како да направиш зграда која толку добро ќе се втопи во контекстот/опкружувањето што воопшто нема да ја забележиш дека постои”.
  9. ГТЦ е јавен простор кој го дефинира градот. И тоа станува збор за исклучителен пример. 70% од неговата површина е отворена, како една агора во која со децении се развива јавниот живот на Скопјани. Во списанието „Млад Борец“ во 1990 Живко Поповски ја отркил својата љубов кон Скопје и своите детални планови за развој на Скопје. Поповски пишува: „Не прашувајте ме што ќе сторам јас за градот — прашајте се што ќе направиме заедно за Скопје“.
  10.  Во 2007ма година, непосредно пред смртта, на Поповски му било доделено признание на Венециското Биенале за архитектура. Таквото признание е едно од најпрестижните во светот! Тогаш Поповски изјавил: „ Конкурсот ги презентира актуелните академски, архитектонски можни решенија, тој го презентира правецот во кој се движи архитектонската мисла денес во светот“.

Нападот на ГТЦ е напад на урбано Скопје и на граѓанските вредности. Напад на македонската архитектура. Низ целиот свет објектите од Модерната од 60-те и 70-те веќе почнуваат да се заштитуваат како културно наследство. Точно е дека планот за доградба и реновирање на ГТЦ постои уште во 90-те години – но ГТЦ мора да биде реновиран само во својот автентичен израз.

Адаптирано од (Тринаесет факти за Градскиот трговски центар)